:: |
Autor |
Poruka |
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Vidim nasih dragih Makedonaca je sve vise, a slabo smo nesto makedonske gradove predstavljali, pa evo, da ispricam i ja ponesto o jednom prelepom makedonskom gradicu za koji me vezu jako jako lepe uspomene..za pocetak, dok otvorimo diskusiju, sa strumickog sajta(nadam se da mi nece zameriti) cu iskopirati osnovne podatke o gradu, a onda pisemo dalje
Струмичкиот регион се наоѓа во југо-источниот дел на Република Македонија на 41° 22' и 23° 45' источна географска должина и располага со површина од 963 км2. Со популација од 54 676, Струмица е главниот културен и економски центар на југоисточна Македонија.
Овој јужен македонски град го добил своето име по јасното ноќно небо покриено со ѕвезди. Имено, заради исполнетото со ѕвезди ноќно небо што ја покрива струмичката котлина, овој град е познат во древноста како Астраион (Ѕвездениот Град), а локалните жители се нарекувале Астраи. Но името не останало за долго, бидејќи градот бил преименуван во Тивериополис, во чест на римскиот командант Тибериј.
По колонизацијата на Славјаните, сепак, градот си го избра своето модерно име Струмица. Има повеќе верзии за причините за ова име. Една од нив е дека името е само Славјански превод од старото име Астраион.
Но повеќето луѓе веруваат дека Струмица била крстена по една прекрасна млада девојка со име Струма. Гробницата на Струма се наоѓа во селото Вељуса. Постојат неколку легенди која всушност била Струма. Една од нив говори дека Струма била сестра на Крали Марко. Друга, пак, тврди дека Струма била ќерка на император а воедно и командант на војската, кој ја проколнал својата ќерка, нејзиното тело да не биде закопано во земјата кога таа ќе умре. Легендата продолжува, такашто Струма била погребувана седум пати после нејзината смрт, но секогаш земјата го "исфрлувала" нејзиното тело надвор од гробот. Затоа, била погребана во ковчег од камен над земјата. И конечно, трета теорија тврди дека подземната гробница датира од времето на Александар Велики.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Историја за Град Струмица
Струмичката област е населена уште во 5 милениум п.н.е. Во месноста Ангелци и пошироката околина на Струмица цветала богата неолитска култура , благодарејќи на поволните географско- климатски карактеристики кои овозможиле развој на земјоделско-сточарски заедници. Овие заедници во своите религиски и духовни вредности го почитувале култот кон божицата - мајка, а исто се однесува и на следниот енеолитски период кога метлите односно бакарот, стапуваат на историска сцена. Овој период за разлика од претходниот е турбулентен и затоа културите од полето се преселуваат на повисоки тешко пристпни ридови, како што е ридот Цареви Кули , каде се пронајдени остатоци од енеолитска култура.
Археолошки остатоци
Цивилизациските и културните етапни развои не стагнираат, туку напротив , продолжуваат да се протегаат и во времето кога се јавуваат првите пишани историски извори. Овде секако треба да биде спомнат податокот за убиството на Деметриј, братот на Персеј, односно синот на Филип V во градот Астраион. Потврди за локацијата на овој град сеуште немаме, но со ископувањата на локалитетот Орта Џамија во Струмица, добивме богати културни хоризонти со мноштво наоди, кои ни укаживаат на засилени активности во градот од тој период. Имено, пронаоѓањето на мегарските чашки, придружувани со наоди на монети на градовите Тесалоника, Пела и Амфиполис доволно зборуваат за карактерот на овој град во период на 3 и 2 век п.н.е.
Струмица за време на Римската Империја
Римјаните го освојуваат градот непосредно по падот на Македонија во 168 год. п. н е. Со доаѓањето на Римјаните во еден период, градот најверојатно го менува името во Тивериопол. Под ова име градот ќе егзистира се до XI век, кога името ќе биде заменето со неговото словенско име - Струмица. Ова всушност ни го зборува и наодот на постамент на скулптура пронајден на локалитетот Орта Џамија, на кој е запишано, дека "Во добар час. градот му постави статуа на својот патрон, великиот Тибериј Клавдиј Менон, за неговата благонаклоност и квалитети".
Римска Бања, с. Бањско
Римјаните во нашето подрачје оставиле значајни траги на нивните градежни активности, од кои еден од најрепрезентативните е секако објектот "Доцноантичко термално лечилиште во Банско", кое се наоѓа 12 км југоисточно од Струмица под падините на планината Беласица. Објектот ги користел и сеуште ги користи термално минералните води на изворот Парилог кој се наоѓа педесетина метри југозападно од бањата.
Покрај ова, секако е интересно да се спомене и објектот во самиот центар на градот, т.н. "Мачук", каде се откриени основи на објекти кои припаѓаат на доцната антика.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Свeтите Петнаесет Тивериополски Маченици
Во месноста "Св. Петнаесет Тивериополски Маченици" се пронајдени остатоци од доцната антика и сакрални објекти од неколку градежни фази. На овој простор е откриен комплекс од црковни градби во чиј централен дел се наоѓа голема засведена гробница, со еден од најстарите фрескоживописи во Р. Македонија , на кои се претставени Светите Петнаесет Тивериополски Маченици. Централната гробница и другите 16 засведени гробници се изградени врз постар храм, односно ранохристијанска базилика, чиј под бил декориран со полихромен мозаик.
Св. Петнаесет Тивериополски Маченици
Градот ја задржува самостојната управа се до упаѓањето на Словените во VI век, а струмичката област била населена од словенските племиња Струмјани или Струмци во 30-те години на VII век. Во рановизантискиот период, со доселувањето на Словените на Балканот и со населувањето на нивното племе Струмјани во струмичко, настанале и етнички промени.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Струмица за време Византиската Империја
Тврдината Цареви Кули во Македонската историја
Градот е познат по тврдината Цареви Кули. Тврдината била издигната на еден рид југозападно од Струмица. Интересно, најстарите откритија говорат за живот во оваа област уште пред Римската Империја. Цитаделата е опкружена со варовнички ѕид, издигнат во доцната антика. Акрополисот е разделен од дополнителен внатрешен ѕид. Влезната врата е обележана со две кули од шести век, кои покасно биле реновирани за време на владеењето на императорот Тибериј. Византиски монети кои датираат од дванаесетти и тринаесетти век биле пронајдени во тврдината.
Тивериопол бил важен религиозен центар источно од реката Вардар, бидејќи бил Епископски центар. Бројни цркви посветени на месните маченици биле срушени, како што била онаа посветена на 15-те месни (тивериополски) маченици во близина на тврдината. Над гробовите на мачениците била изградена базилика во времето на императорот Јустинијан I, од која останал само еден дел. Базиликата е мораториум, изграден врз телата на маченици, што е најстариот начин за градење на христијански храм.
Тврдината претставува споменик по повод падот на средновековната Македонска држава на Цар Самоил во 1018 година.
Битката на Беласица, близу Струмица - дел од Македонската историја (1014г.)
Исходот од битката на Беласица, близу Струмица (1014г.), против Византискиот император Василие II, била несреќна за Македонскиот Цар. Над 14,000 од неговите луѓе биле ослепени, а на секој 100-ти му било оставено по едно око за да ги води другите кај Самоил. Глетката од ослепените војници била премногу за Самоиловото срце; Самоил умрел од срцев удар во 1014г. во Прилеп.
После Самоиловото владеење следел краток период на тивок пад на неговата Империја.
Со поразот на Самоиловата држава, Охридската патријаршија поминува во ранг на Охридска архиепископија. Одразите на ваквите промени се одразиле на културен и сакрален план. Сето тоа е посведочено во архитектонските сакрални објекти на црквите СВ. Леонтиј, во с. Водоча, СВ. Богородица Елеуса во с. Вељуса и црквата на локалитетот Орта Џамија во Струмица.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Религиозни знаменитости
Црквите во Струмица
Црквата Св. Леонтиј од единаесетти век е најпознатиот историски монумент околу Струмица. Месните жители, истотака, го викаат Водоча, што значи вади-очи. Легендата тврди дека тоа било местото кадешто 14,000 војници биле ослепени од Византискиот Император Василие II. Овој манастир се смета како Митрополитско/Епископско седиште во струмичкиот регион. Денес, овој манастир е само за монаси, додека манастирот на Св. Елеуса кој е сосема блиску, е само за монахињи. Фреските во манастирот Св. Леонтиј се добро зачувани, што е чиста среќа, ако се земе предвид дека многу се слични со оние најдени во црквата Св. Софија во Охрид.
Св. Леонтиј
Во близина е и црквата на Св. Елеуса, истотака од единаесетти век. Сепак, за разлика од црквата Св. Леонтиј, внатрешноста на црквата беше тешко оштетена за време на Првата Светска Војна, кога црквата беше запалена. Иронично, единствената целосно зачувана композиција од оригиналните фрески е "Доаѓајќи од пеколот" каде се претставени два ѓавола, што многу ретко се гледа во црквите.
Орта Џамија
Еден од репрезентативните духовно - уметнички светилишта во градот ги представуваат архитектурата и живописот од црквата во старото урбано јадро на Струмица под темелите на исламскиот верски објект Орта Џамија. Опожарени градби од камен и кал го најавуваат постоењето на трикорабна црква од крајот на XI век и почетокот на XII век. Под темелењето на средновековната црква со остатоци од поранешните периоди. Самиот факт дека храмот се наоѓа во старотоградско урбано јадро на Струмица зборува за неговото големо значење и улога за духовната просветеност, негувајки го култот кон Богородица Милостива, дозволува да тврдиме дека токму оваа црква е посветена на Пресвета Богородица.
Орта Џамија
Со доаѓањето на турците Струмица го менува својот лик и станува типичен ориентален град. Сведоштво на промената на сакралната архитектонска визура од византиска во ориентална го представува и објектот Орта (централна) Џамија во Старото урбано јадро на Струмица која е подигната во 1022 год. по Хиџра, односно 1613-1614 год. за време на владеењето на султан Ахмед I.
Овој објект со квадратна основа преку пандантифи е споен со голема купола. На овие пандантифи во кружни основи се наоѓаат цитати од Куранот напишани на арапско писмо. Влезот во Џамијата е на западната страна, додека на јужната страна се издига високо минаре.
Турска пошта
Во ориенталниот изглед покрај сакралната архитектура свое место нашла и стамбената архитектура но со призвуци на новите архитектонски стилски струења чии корени се наоѓаат во западноевропското културно наследство. Еден од таквите објекти е представен во Старата турска пошта. Овој објект е лоциран во стариот дел на градот во близина на објектот Орта Џамија, на улицата "Тошо Арсов" бр.23. Граден е во XIX век и тоа првобитно како јавен објект - турска пошта, а подоцна преадаптиран во објект за домување
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Земјоделство
Земјоделски центар на Македонија
Струмица е центарот на пространата богата Струмичка котлина. Тука се одгледуваат афион, памук, тутун, сусам, кикирики и анасон, ретка земјоделска култура која се употребува за производство на познатиот Македонски пијалок - Мастика. Сето ова дава можност за развој на текстилната и прехранбената индустрија во Струмица.
Во Општина Струмица застапени се две клими медитеранска и источно контитентална што резултира со топла семиаридна клима. Летото е долго, среднодневната температура е релативно висока односно 2/3 од годината се карактеризираат со температура повисока од 10ºС.
На овие површини најзастапени се житните (пченица, јачмен, пченка) и градинарските и раноградинарски култури (пипер, домат, бостан, зелка, краставици ,компир и др.). Постојат и 3 поголеми капацитети за преработка на градинарски производи, 4 преработувачки капацитети за мелење на житни култури, едно претпријатие за откуп и ферментација на тутун и околу 40 претпријатија кои се занимаваат со продажба на репроматеријали за земјоделието.
Во Општина Струмица постојат 2 земјоделски пазари за продажба на земјоделски производи на мало и 1 пазар за продажба на земјоделски производи на големо во чиј склоп е и добиточниот пазар.
Сточарство
Во Струмица егзистираат околу 15 000 грла чупункари (крави, биволи, волови, телиња). Заради усогласување со Европското законодавство на 7 октомври 2004 година беше донесен Законот за идентификација и регистрација на животните. Со цел за реализација на законот на територијата на град Струмица досега е извршено трајно обележување и оматичување на 13 000 говеда. Акцијата тече и ќе се изведува понатаму во согласност со сите европски стандарди и нормативи.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Основни училишта
САНДО МАСЕВ
Наставата започнала во 1950 година, а во денешните простории школото се наоѓа од 1962 година. Во негов состав влегуваат и подрачните школи во с. Баница и с. Водоча. Во оваа учебна година има запишано 1236 ученика, кои учат во 50 паралелки (3 се забавишта). Во школото има 70 вработени, од кои 58 се во наставниот дел.
ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ
Наставата започнала во 1959 година, а од тогаш датира и училишната зграда. Школото порано го носеше името "Моша Пијаде" , а од пред некоја година го носи денешното име. Во моментот овде учат 1200 ученика во 42 паралелки. В о училиштето има в работен о 67 луѓе, од кои 52 се во наставата.
НИКОЛА ВАПЦАРОВ
Со настава започнало во 1980 година, а од тогаш датира и зградата на училиштето, каде денес се изведува наставата. Во негов состав е подрачното училиште во Градско Балдовци. Во рамките на училиштето има 40 паралелки, кои ги посетуваат 911 деца. Во училиштето работат 67 луѓе, од нив 52 се во наставниот дел.
Средни училишта
ДСУ "ЈАНЕ САНДАНСКИ"
Започнала со настава на 03. 11.1944 год. Во денешните простории се наоѓа од 1947 година. Во оваа учебна година има запишано 1400 ученици, кои учат во 24 гимназиски и 16 економски паралелки. Во моментот има 80 вработени, од кои 73 се професори.
ДСТТУЦ "НИКОЛА КАРЕВ"
Почнало во 1957 како трговско школо, од 1963 е школо за квалификувани работници, од 1973 е електро - металско школо, а од 1984 е она што е денес, техничко технолошко училиште. Денешната училишна зграда е изградена во 1978 година. Во училиштето оваа година има запишано 1600 ученици, кои се поделени во 14 текстилни, 13 технички, 12 машински, 8 сообраќајни и 2 дрвопреработувачки паралелки. Наставата ја изведуваат 89 професори, а бројот на вработени е 101.
ЗПУЦ "ДИМИТАР ВЛАХОВ"
Почнало со настава од ноември 1946 година, во училишната зграда каде и денес се наоѓа. Во училиштето оваа година се запишани 807 учениици, кои се поделени во 14 земјоделски, 13 прехранбени и 1 здравствена паралелка. Наставата ја изведуваат 50 професори.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Знаменитости
Споменик Гоце Делчев
Подигањето на овој споменик е по повод стогодишнината од неговото раѓање, честото присуство во Струмица и неговата поврзаност со членовите на Револуционерната Организација од овој град. Реализацијата на споменикот започна 1973 година, а заврши 11.10.1976 година. Поставен е на истоимениот плоштад. Дело е на академскиот ликовен уметник Бранко Конески, а партерното решение е дело на архитектот Мирјана Волинец.
Споменик Гоце Делчев
Доминантна е скулптурата од лиена бронза на Гоце Делчев во натприродна висина од 5,20 м. со симболична претстава на повик на борба за слобода, поставена на постамент. Колосалната статуа го претставува го претставува Гоце Делчев зачекорен со десната нога, двете раце му се широко раширени и е облечен со гуна во комитска униформа. Лево и десно од скулптурата на Гоце Делчев има две странични мермерни платна со релјеф на кои се поставени 16 фигури на револуционери со висина од над 2 метри, исто така поставени во движење со различити изрази на лицата. На позадината од мермерните платна се напишани записи, заклетви преписки од времето на Гоце.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Споменик на Револуцијата
Споменикот е подигнат на влезот од Градскиот парк и е посветен на паднатите борци во НОАВ во Струмица. Дело е на академскиот ликовен уметник Илија Аџиевски од Скопје, роден 26.12.1926 година во Струга.
Споменикот се состои од два елементи: од вертикално поставен мермерен столб, на кој е изведена релјефна композиција од машка, женска и детска фигура - претстава на учесници во НОАВ. Вториот дел се состои од две човечки фигури, изработени од алуминиум. И двете фигури се во згрчена положба што претставува борци по стрелањето како паѓаат.
Споменик на Револуцијата
Споменик посветен на 11 Октомври. Овој споменик е прво обележје подигнат по ослободувањето на територијата на Струмица. Откриен е 11.10.1949 година.
Споменикот се наоѓа во горниот дел од Малиот градски парк, во центарот на градот. Зазема централно место од паркот. Споменикот е изграден од бетон во форма на пирамида на која има од двете страни мермерни плочи со ист текст. Заграден со бетонска ограда и хортикултурно е уреден.
Меморијален Центар Благој Јанков - Мучето
Меморијален Музеј посветен на народниот херој Благој Јанков - Мучето. Спомен куќата е во центарот на градот во близина на Малиот градски парк на улица "Светозар Марковиќ". Таа е приземна градба со 4 соби од кои две се во битов дел, односно со автентични етнолошки предмети од времето кога во неа живеел Благој Јанков. Другите две соби се преуредени во постојана поставка со фотографии, лични предмети и одликувања, да се прикаже визуелно животот и делото на Благој Јанков Мучето.
Меморијалниот Музеј е отворен на 14.07.1964 година, годишнина од загинувањето на херојот.
Споменик на 11 Октомври
Споменик посветен на 11 Октомври. Овој споменик е прво обележје подигнат по ослободувањето на територијата на Струмица. Откриен е 11.10.1949 година.
Споменикот се наоѓа во горниот дел од Малиот градски парк, во центарот на градот. Зазема централно место од паркот. Споменикот е изграден од бетон во форма на пирамида на која има од двете страни мермерни плочи со ист текст. Заграден со бетонска ограда и хортикултурно е уреден.
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Спомен Костурница
Спомен Костурница е изграден на ридот Самораница на 327 м. надморска висина. Изградбата започна 1979 година, а на 04.07.1982 година се свечен чин се пренесени моштите на загинатите борци во НОАВ и положени во саркофагот. Дело е на архитектот Благој Колев, градена е од бел мермер.
Спомен Костурница
На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер. Аулата има 2 врати влез - излез и е во форма на полукруг, осветлена од три странични прозора и еден централен. Платото е градено во замисла на отворен амфитеатар, а мермерните платна се во форма на раскинати ланци, раскинето ропство
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
Спортски објекти
Спортска сала ПАРК
Изградена: 1981 година
Kапацитет: 1500 гледачи.
Градски стадион МЛАДОСТ
Изграден во 1950 година со капацитет од 6000 гледачи, повеке пати реновиран, сега веке со 2 модерно опремени трибини, со столчиња и 1 покриена трибина, со простории (околу 30), кои ги задоволуваат сите критериуми на ФИФА и УЕФА, за одигрување на меѓународни натпревари. На стадионот освен централното игралиште има уште 4 помошни игралишта.
Спортска сала ПАРТИЗАН
Завршена во 1975 година, со капацитет од 300 гледачи. Со неа стопанисува КГС"Партизан"-од Струмица.
Околу 380 евидентирани членови земаат активно учество во сите секции на клубот, во општо физичко воспитување, спортска гимнастика и спортска рекреација.
Спортска Сала Партизан
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
pinkie Prijatelj foruma
|
Godine: 45
Datum registracije: 01 Okt 2004 Poruke: 19325 Mesto: u skrivenom kutku
|
|
evo i nekoliko slika grada
|
_________________ Cutanje je tesko samo onima koji ne misle(Ivo Andric)
Beskorisno je pobijati tudje misljenje; ponekad covijek uspije da pobjedi nekoga u diskusiji, ali da ga uvjeri -nikada.Misljenja su kao ekseri: sto vise udaramo po njima, to dublje prodiru (Dumas Aleksander) |
|
|
|
|
|
|
Vi ne možete otvarati nove teme u ovom forumu Vi ne možete odgovarati na teme u ovom forumu Vi ne možete menjati Vaše poruke u ovom forumu Vi ne možete brisati Vaše poruke u ovom forumu Vi ne možete glasati u anketama u ovom forumu Vi ne možete postavljati fajlove u ovom forumu Vi ne možete preuzeti fajlove sa ovog foruma
|
|